„Двете страни се согласуваат на моментален прекин на огнот што стапува на сила со потпишувањето на оваа заедничка изјава, со почеток во 12:00 часот (локално време) на 27 декември 2025 година“, се вели во документот потпишан од министрите за одбрана на двете земји од Југоисточна Азија.
„Двете страни се согласуваат да им дозволат на цивилите што живеат во погодените гранични области да се вратат дома што е можно побрзо, без пречки, безбедно и достоинствено“, се додава во заедничкото соопштение.
Во текстот се споменува и замрзнување на воените позиции, деминирање на граничните области, полициска соработка во борбата против сајбер криминалот, а Бангкок ќе ослободи и 18 камбоџански војници по 72-часовно примирје.
Според последните официјални податоци, во изминатите три недели се убиени вкупно 47 лица: 26 на тајландска и 21 на камбоџанска страна. Двете земји имаат долгорочен спор околу разграничувањето на нивната граница долга 800 километри, воспоставена за време на францускиот колонијален период.






