Уште во ноември, под притисок на покраинските министри за правда, Бундестагот усвои законска измена со која фалсификувањето ковид-пасоши се третира на ист начин како и фалсификувањето на кој било друг здравствен документ.
Пред неколку дена полицијата изврши претрес на повеќе од сто стана во неколку провинции. Акцијата е поврзана со случајот на лекар во Баварија што им издавал карти на пациенти без претходно да бидат вакцинирани.
Измамите најмногу се откриваат во аптеките, каде што граѓаните можат да ги дигитализираат своите хартиени потврди за вакцинација за да ги користат во мобилните телефони.
„Аптеките секојдневно откриваат фалсификувани ковид-пропусници кога се обидуваат да ги дигитализираат“, соопшти канцеларијата за борба против криминалот на покраината Баден-Виртемберг.
Фалсификувани пропусници пријавуваат и работодавците.
Според берлинската полиција, лажни ковид-пропусници и книшки за вакцинација се нудат преку комуникациски платформи како што е Телеграм, па дури и преку веб-страници за продажба, како што е И-беј. Цените се движат од 50 до 350 евра, а дигиталните пропусници се поскапи од оние на хартија.






