понеделник, 8 декември 2025

СЗО: Уште три тешки месеци, но крајот на пандемијата е на повидок

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за Скај њуз Набаро изрази страв дека сме принудени на маратон со вирусот и дека не постои правилен начин да се каже дека сме на крајот, туку само дека се гледа крајот.

„Сè уште не сме стигнале до таа точка, а пред да дојдеме до неа, ќе има уште потешкотии“, рече Набаро, пренесува лондонскиот весник Гардијан.

Експертот на СЗО потврди дека коронавирусот продолжува да се развива и најави појава на нови соеви и по омикрон.

„Ќе биде тешко барем во следните три месеци“, рече Набаро и потсети дека коронавирусот се појавува во амплитуди – почнува драматично да се шири, потоа стивнува, а потоа повторно се шири периодично на секои три или четири месеци.

„Тешко е да се предвиди идното однесување на вирусот врз основа на неговото однесување во минатото. Да се живее со ковид-19 значи да се биде во можност да се подготвите за овие амплитуди и да реагирате навистина брзо кога ќе се случат. Мораме да го почитуваме вирусот, што значи дека треба да имаме навистина разработени планови како да се соочиме и да се бориме со брановите на епидемијата“, истакна Набаро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ