Тој ги даде коментарите во време кога неколку европски земји, вклучително и Чешка и Полска, најавија дека ќе ги укинат ковид-мерките доколку бројот на заразени продолжи да опаѓа. СЗО, сепак, нагласи дека континуирано се потребни мерки како што се брзо тестирање и носење маски, додавајќи дека досега во Европа се регистрирани повеќе од 165 милиони заразаени со ковид, со 25.000 смртни случаи минатата недела.
„Соочени со бранот омикрон и со делтата што сè уште циркулира на исток, оваа загрижувачка ситуација не е време за укинување на мерките за кои знаеме дека делуваат во намалувањето на ширењето на ковид-19“, предупреди Клуге.
Тој ги повика владите да ги истражат локалните причини за ниските стапки на вакцинација. Помалку од 40 отсто од лицата постари од 60 години се целосно вакцинирани против ковид-19 во Босна и Херцеговина, Бугарија, Киргистан, Украина и Узбекистан.






