понеделник, 8 декември 2025

СЗО: Омикрон е помалку смртоносен од делта, но е опасен за невакцинираните

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи на прес-конференција, Гебрејесус кажа дека уште 90 земји допрва треба да ја достигнат целта од 40 отсто вакцинирани жители, а 80 отсто од луѓето во Африка да примат прва доза.

„Не смееме да дозволиме вирусот слободно да се движи или да мафтаме со бело знаме, особено кога толку многу луѓе во светот се невакцинирани“, кажа тој.

Во редовниот неделен епидемиолошки извештај, СЗО објави дека бројот на заболени скокнал за 50 отсто, односно за 15 милиони, во неделата до 9 јануари во однос на претходната недела, најмногу во една недела досега.

„За толку големиот скок е одговорна омикрон варијантата која брзо го зазема местото на делта во бројни земји“, предупреди Гебрејесус. Додаде дека повеќето хоспитализирани луѓе се невакцинирани и дека, ако не се заузда пренесувањето на болеста, се зголемува ризикот од појава на нова варијанта која би можела да биде позаразна и посмртносна од омикрон.

[video:https://youtu.be/DgrLY0PgsfU autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ