СЗО во неделниот извештај за пандемијата синоќа соопшти дека минатата недела во светот биле пријавени „нешто повеќе од 16 милиони нови инфекции со коронавирус и нешто помалку од 75.000 смртни случаи“.
Западниот Пацифик е единствената област што забележа зголемување на бројот на нови инфекции во текот на неделата, пораст од околу 19 проценти. Југоисточна Азија забележа пад од околу 37 отсто, што е најголем пад во светот.
Бројот на починати се зголеми за 38 отсто на Блискиот Исток и за околу една третина во западниот Пацифик.
Најголем број новозаразени е забележан во Русија. Бројот во Источна Европа е двојно зголемен во последните неколку недели, поттикнат од порастот на високо заразниот сој омикрон.
СЗО соопшти дека сите други варијанти на коронавирусот, вклучително алфа, бета и делта, продолжуваат да опаѓаат на глобално ниво бидејќи омикрон ги истиснува.
Помеѓу повеќе од 400.000 секвенци на коронавирус вчитани во најголемата светска база на податоци за вируси минатата недела повеќе од 98 проценти биле омикрон.
СЗО соопшти дека се чини дека тој сој омикрон, БА.2, е во постојан пораст и дека неговата распространетост е зголемена во Јужна Африка, Данска, Велика Британија и други држави.
Забележано е дека омикрон предизвикува поблаги симптоми на болеста од претходните соеви на вирусот и дека во земјите со висока стапка на вакцинација, стапките на хоспитализација и смртност не се значително зголемени и покрај ширењето на омикрон.






