недела, 29 март 2026

Светските произведувачи на гас предупредуваат на ограничувањата во зголемувањето на обемот на производство

Објавено на

часот

Сподели

Претседателите, премиерите или министрите на 11 земји членки на Форумот (Gas exporting countries Forum – GECF) се сретнаа во Доха во време кога кризата меѓу Москва и западните земји придонесе на скок на цените во тој сектор и кога Русија спомнува закана околу снабдувањето.

Рускиот министер за енергетика Николај Шулгинов даде уверувања дека руските компании се целосно приврзани на постоечките договори. Не ја коментираше ситуацијата на својата земја чии односи со западните земји минуваат низ најголемата криза од Студената војна поради ситуацијата околу Украина.

Емирот Катара Тамим бен Хамад ал Тани кажа дека ги цени напорите на сите членови на Форумот кои тешко работеле за да „обезбедат сигурно снабдување на светскиот пазар со природен гас и да ја зачуваат стабилноста на пазарите“.

Катарскиот министер за енергија Саад Шерида ал Каби потсети дека Катар, една од главните земји извознички на гас, ѝ даде уверувања на Европа дека ќе помогне во случај на тешкотии со снабдувањето, но сепак истакна дека земјата ќе биде ограничена во смисла на расположливите количества, бидејќи, како што истакна, „произведувачите се врзани со долгорочни договори“.

„Обемот кој можеме да го пренасочиме (кон други клиенти) претставува околу 10 до 15 отсто“, кажа тој додавајќи дека од Русија се обезбедуваат 30 до 40 отсто од потребите на Европа, и е „речиси невозможно“ брзо да се надомести тој обем.

Тој кажа дека порастот на цените на гасот почнал многу пред кризата.

„Сè што денес се случува околу цените е всушност поврзано со недостигот од инвестиции“, кажа тој и оцени дека ќе биде потребно тоа заостанување да се надомести.

„Да се предвиди какви ќе бидат цените утре, дали ќе растат или ќе паѓаат, тоа е во Божји раце“, им одговори на новинарите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ