На ваквите пијалaци треба да се воведат даноци или да се зголемат постојните, вели Светската здравствена организација. Ова би ги направило пијалаците поскапи, што би довело до помала потрошувачка, а во исто време би се собрале повеќе пари за здравствените системи.
Според СЗО, 116 земји низ целиот свет веќе ги оданочуваат безалкохолните пијалаци и другите засладени пијалаци, но многу други пијалаци со висока содржина на шеќер сè уште не се опфатени со даноци, како што се 100% овошни сокови, засладени млечни пијалаци и инстант кафе или чаеви.
„Здравствените даноци се едни од најмоќните алатки што ги имаме за да го промовираме здравјето и да спречиме болести“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. СЗО исто така забележа дека најмалку 25 земји, претежно во Европа, вклучувајќи ја и Германија, немаат специјални акцизи на вино.
За разлика од виното, силните алкохолни пијалаци како што се бренди, коњак, вотка или виски подлежат на данок на алкохол, додека пивото се оданочува со посебен данок на пиво.
Консумирањето алкохол може да доведе до болести, насилство и повреди и заболувања, предупредува генералниот директор на СЗО, Етјен Круг.
„Додека индустријата остварува профит, јавноста често ги сноси здравствените последици, а општеството ги сноси економските трошоци“, рече Круг.






