петок, 19 декември 2025

Супертајфун пристигна до Хонг Конг, 14 мртви во Тајван, повеќе од 100 исчезнати (ФОТО+ВИДЕО)

Супертајфунот Рагаса, најсилниот тропски циклон во светот оваа година, го погоди денес Хонг Конг со ветрови со ураганска сила и поплави, додека обилните дождови во Тајван однесоа најмалку 14 животи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во Хонг Конг, патиштата беа пусти, бидејќи властите ги предупредија жителите да останат во своите домови. Делови од источниот и јужниот брег на азискиот финансиски центар беа поплавени. Рагаса, со ветрови до 200 километри на час, ќе биде најблиску до градот во следните неколку часа, само стотина километри јужно од густо населената област.

Се очекува супертајфунот да го задржи својот интензитет додека се движи кон брегот на кинеската покраина Гуангдонг, каде што живеат повеќе од 125 милиони луѓе. Властите во Гуангдонг евакуираа повеќе од 770.000 луѓе, објави државната телевизија ЦЦТВ.

Рагаса ги опустоши северните Филипини во понеделникот и Тајван во вторникот. 14 лица загинаа, а повеќе од 100 се водат како исчезнати во округот Хуалиен во источен Тајван откако се излеа езеро, соопшти противпожарната служба.

Властите предупредија на пораст на нивото на морето споредлив со тајфунот Хато во 2017 година и тајфунот Мангхут во 2018 година. И двата тајфуни предизвикаа штети од повеќе милијарди долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ