понеделник, 8 декември 2025

Судската постапка против Болсонаро заврши

Врховниот суд на Бразил денес формално го затвори случајот на поранешниот претседател Жаир Болсонаро, со што неговата казна затвор од 27 години и три месеци се смета за конечна.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Судот ја отфрли жалбата на Болсонаро на пресудата претходно овој месец, но сè уште не е наведено кога Болсонаро ќе започне со издржување на казната, пренесува Ројтерс.

Болсонаро беше осуден во септември за заговор за државен удар откако ги загуби претседателските избори во 2022 година од сегашниот левичарски претседател Луиз Инасио Лула да Силва. Болсонаро е во притвор од неделата, откако беше откриено дека се обидел да го отвори електронскиот уред на ногата со лемило додека бил во домашен притвор.

Тој на сослушувањето во неделата негираше каква било намера да избега или да се обиде да го отстрани уредот, припишувајќи го своето однесување на мешавина од лекови против грчеви препишани од разни лекари за хронично икање, што го навела да верува дека во уредот за следење има опрема за прислушување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ