Три лица се водат како исчезнати, но спасувачката акција беше сопрена доцна синоќа поради недостиг од природно светло на езерото Фурнас.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како туристи во чамците на езерото Фурнас викаат „бегај од таму“ непосредно пред да падне карпата.
[video:https://youtu.be/sFmvm9VI94Q autoplay:0]Потрагата продолжи денес во 5 часот по локално време, кажа Педро Ајхара, портпаролот на пожарникарската служба.
Тој кажа дека 23 до 32 лица минале со полесни повреди и дека се пуштени од болница, додека уште две лица се згрижени со отворени скршеници.
Спасувачката акција ќе продолжи до понеделник, кажа Ајхара, додавајќи дека ситуација кога жртвите се заробени под карпата може потенцијално да ја продолжи спасувачката операција.
[video:https://youtu.be/mW2AVQgSCZQ autoplay:0]Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро кажа дека морнарицата распоредила тим за помош и дека учествува во спасувачката акција.
Државата Минас Жераис е област која не излегува на море на југоистокот на Бразил, а неодамна таму имало обилни врнежи.
Обилните дождови предизвикале олабавување на карпата на езерото Фурнас.






