понеделник, 8 декември 2025

Страшен судир на патнички возови во Чешка: Болниците полни со повредени, истрагата е во тек (ФОТО)

Два патнички воза се судриле во Чешка, при што најмалку пет лица се здобиле со потешки повреди, додека околу 40 патници се полесно повредени, соопштија официјални лица и локалните медиуми.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Несреќата се случила во регион на околу 132 километри јужно од Прага, а сите патници од двата воза биле евакуирани, пренесува Ројтерс.

Портпаролката на регионалната болница потврди дека пет лица се згрижени поради тешки повреди.

Министерот за сообраќај Мартин Купка наведе дека причината за несреќата сè уште се истражува, но прелиминарните податоци укажуваат дека еден од возовите веројатно поминал покрај сигналот поставен за запирање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ