„Доста ми е од тоа семејствата низ земјата да гледаат како сметките за струја вртоглаво растат поради потезите на Путин или Трамп низ целиот свет“, рече Стармер за време на посетата на Обединетите Арапски Емирати.
Стармер за време на посетата на Заливот исто така остро се спротивстави на израелските напади врз Либан, порачувајќи дека „тие не смее да се случуваат“.
Премиерот Стармер недвосмислено ги осуди воените дејствија на Израел.
„Тоа мора да престане – тоа е мојот цврст став – и затоа прашањето не е техничко, дали станува збор за прекршување на договорот или не“, изјави Стармер.
Соединетите Држави и Израел инсистираат дека договорот за прекин на огнот со Иран не го вклучува Либан, додека Иран тврди спротивно.
Зборовите на Стармер следеа по изјавите на министерката за надворешни работи Ивет Купер, која предупреди дека израелските напади се „исклучително штетни“ и се закануваат да го дестабилизираат целиот регион.
Купер нагласи дека Обединетото Кралство има „различен“ став од Вашингтон и побара прекинот на огнот да се прошири и на Либан.
Во среда попладне, Израел погоди 100 цели во изненаден напад врз центарот на Бејрут за само 10 минути, како дел од она што го нарече кампања за искоренување на силите на Хезболах поддржани од Иран. Локалните власти соопштија дека загинале околу 112 лица.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во среда навечер изјави дека „привременото примирје со Иран нема да го вклучи Хезболах“.






