вторник, 9 декември 2025

Српските медиуми добија мејл: поставени се 500 кг експлозив, ќе експлодира во 17 часот

Објавено на

часот

Сподели

„Србија продолжува да ја поддржува Русија, терористичката нација што ја уништи мојата земја заедно со други. Русија постојано го тероризира светот и ние нема да го толерираме ова ср*ње. Србија одби да ги осуди постапките на Русија и што е уште поважно, одбива да ја санкционира Русија. Србија е рускиот портал кон западниот свет, дозволува летови и продолжува да ја одржува руската економија во живот. Сите вие сте кукавици и сите ќе платите за ова“, се вели во мејлот.

„Нашиот тим од специјалци ги здружи силите со Албанците, направивме 500 килограми Ц4 и купивме 1.000 килограми ѓубриво за изработка на бомби. Нашиот тим се состои од 200 члена во повеќе градови во Србија“, се вели во мејлот.

Се порачува и дека се поставени бомби на локации како главната белградска болница, руската и белоруската амбасада во Белград, иранската и кубанската амбасада, канцелариите на Туркиш ерлајнс, на аеродромите низ Србија, во куќата на претседателот, во трговски центри, на мостови, железнички станици, зоолошки градини…

„Сите овие бомби ќе експлодираат околу 17 часот. Да се надеваме дека Србија ќе ја научи својата еб*на лекција и ќе одлучи да престане, да воведе санкции кон Русија и да ја направи вистинската работа. Дали сакате ова да се случува?“, пишува во мејлот објавен од српски Телеграф.

Што се однесува на бомбите во Военомедицинската академија, во мејлот стои: „Секоја од нив е темпирана и содржи по еден килограм пластичен експлозив Ц4. За да ни биде загатката поинтересна нам, ќе ви дадеме уште една дојава. Две од тие 7 направи се во корпата за медицински отпад, а една е некаде на вториот кат“, пишува во мејлот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ