четврток, 11 декември 2025

Среде Европа никнува метален ѕид висок 5,5 метри (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Причината за поставувањето на ѕидот среде Европа е борбата со нелегалните емигранти, односно обидот за спречување на нивно влегување во ЕУ.

Како што јавува Асошиејтед прес, на новинарите денес им било овозможено да ги видат работите што се изведуваат во чуваниот простор.

Притисокот на илјадниците емигранти од Блискиот Исток и северна Африка на границата на Полска со Белорусија почна минатото лето и доведе до судир со полските гранични служби.

Полскиот метален ѕид висок 5,5 метри би требало да се протега на повеќе од 180 километри долж копнениот дел од границата со Белорусија.

Работата треба да заврши во јуни, а ќе чини околу 400 милиони долари.

Полските критичари и еколози сметаат дека со овој потег власта нема да успее да ги сопре емигрантите, но дека ќе ѝ се нанесе непоправлива штета на едена од последните прашуми во Европа, Бјаловјешката шума.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ