недела, 15 март 2026

Средба во Кремљ: Во Москва почна состанокот на Путин и Лукашенко (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Како што кажа рускиот лидер, двајцата шефови на држави имаат за што да разговараат и треба да ги синхронизираат ставовите за некои позиции. Тие ќе оценат и како тече воената соработка меѓу нивните земји.

Средбата се одвива во атмосфера на влошување на ситуацијата во Источна Европа. Западот во последните месеци предупредува дека Москва подготвува инвазија на Украина и го зголемува своето воено присуство во регионот долж границата со Украина.

Москва ги демантира тие тврдења и истакнува дека е загрижена поради јакнењето на силите на НАТО во близина на нејзините граници.

[video:https://youtu.be/KWk4qPH5Xls autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ