Вучиќ за време на дебата одржана на провладината ТВ Прва кажа дека властите нарачале 30 милиони килограми сол и по милион килограми грашок и грав, како и 30 милиони килограми брашно и млеко во прав.
„Во време кога целиот свет хистерично очекува нешто да се случи меѓу Русија и Украина, не можете да се правите дека ништо не се случува“, кажа Вучиќ и додаде дека сè уште не се обезбедени резерви гориво.






