петок, 12 декември 2025

Србија: Апсурдни се тврдењата дека Приштина ги исполнила своите обврски од договорите

Објавено на

часот

Сподели

„Во морето апсурдни изјави на приштинските политичари, на првото место е пораката на Вјоса Османи, дека таканаречено Косово ги исполнило своите обврски и договори од дијалогот, а потоа изјавата дека никогаш нема да се формира Заедницата на српски општини, онака како што беше договорено во Брисел“, истакна Петковиќ.

Според него таа изјава „покрај тоа што е целосно бесмислена, го покажува вистинското лице на политичарите во Приштина, кои мислат дека Бриселскиот договор е шведска маса од која можат да земат што сакаат и чии одредби можат во од да ги менуваат и произволно да ги толкуваат“.

„Токму Белград е тој кој ги исполни сите свои обврски и е кредибилен и трпелив партнер во процесот на дијалогот, додека Приштина освен ЗСО, одбива да ги спроведе и договорите од сферата на енергетиката, одбива соработка по прашањето на судбините на исчезнатите и повторно поставува нови услови за да го обесмисли дијалогот како процес за решавање на сите отворени прашања и кон нормализација на односите“, истакна Петковиќ.

Сепак, како што додаде, важно е тоа што Османи конечно признала дека Заедницата на српски општини во Брисел е договорена со сите извршни овластувања и со јасна структура и дека токму тука лежи причината зошто Приштина одбива нејзино формирање речиси девет години.

„Се надевам дека Османи слушна во текот на претходните денови и посетите на високите претставници од ЕУ, САД и Британија на регионот дека договорите мора да се почитуваат и дека, кога ќе ги процесира тие информации, ќе ѝ биде јасно дека не може вечно да бега од исполнувањето на своите обврски“, заклучи Петковиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ