вторник, 9 декември 2025

Советот за безбедност на ОН гласаше за меѓународни сили во Газа и Мировен комитет предводен од Трамп

Советот за безбедност на ОН гласаше за мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа, кој вклучува распоредување на меѓународни сили.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

13-те членки на Советот за безбедност на ОН доцна синоќа гласаа за текстот, кој американскиот амбасадор во ОН Мајк Валц го опиша како „историски и конструктивен“. Русија и Кина беа воздржани.

Американската резолуција, која неколку пати беше изменувана за време на деликатните преговори, го поддржува планот на американскиот претседател кој на 10 октомври доведе до спроведување на кревко примирје меѓу Израел и Хамас на палестинската територија растргната од двегодишната војна предизвикана од крвавиот напад на палестинското исламистичко движење Хамас на 7 октомври 2023 година.

Текстот, во кој увид имал АФП, овластува формирање на Меѓународни сили за стабилизација (ИСФ) задолжени за поддршка на безбедноста на границите во соработка со Израел и Египет, демилитаризација на Појасот Газа, разоружување на вооружените групи, заштита на цивилите и обука на палестинските полициски сили.

Составот на силите не беше прецизиран.

Резолуцијата, која е поддржана од Палестинската самоуправа, предвидува мандат за Мировен комитет до 31 декември 2027 година, кој ќе служи како преодно управно тело во Појасот Газа сè додека не се реформира Палестинската самоуправа.

Според планот од 20 точки доставен со резолуцијата, со комитетот ќе претседава Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ