понеделник, 30 март 2026

Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за наводното производство на биолошко оружје во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска попладне, по барање на Москва, треба да одржи состанок за наводното производство на биолошко оружје во Украина.

Русија ги обвинува Киев и Вашингтон дека водат лаборатории дизајнирани за производство на биолошко оружје во Украина, што властите и во Украина и во САД го негираа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги отфрли руските тврдења дека во Украина се развива хемиско оружје или оружје за масовно уништување.

Тој исто така предупреди дека на Русија ќе ѝ бидат воведени најстроги санкции доколку употреби хемиско оружје против Украина.

Во 2018 година Москва ги обвини Соединетите Држави дека тајно спроведуваат биолошки експерименти и во лабораторија во Грузија, исто така поранешна советска република, која, како и Украина, има цел да им се приклучи на НАТО и Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ