„Се придружувам на изјавата на генералниот секретар на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ дека признавањето на таканаречените народни републики Доњецк и Луганск е спротивно на меѓународното право и претставува еднострано кршење на Договорите од Минск, кои остануваат единствена основа за решавање на конфликтот во Донбас“, наведе Кокс во изјавата.
„Заедно со генералниот секретар ја потврдувам непоколебливата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници“, се вели во соопштението.
Кокс му се придружи на генералниот секретар Пејчиновиќ Буриќ во повикот Русија да ја поништи таквата одлука и ја повика Русија да се воздржи од дополнително влошување на ситуацијата.
„Заедно со генералниот секретар, ги повикувам сите земји-членки на Советот на Европа да ги решаваат своите разлики преку дијалог заснован на почитување на принципите содржани во Статутот на Советот на Европа и Европската конвенција за човекови права“, истакна Кокс, кој ќе му предложи на Собранието да го реши ова прашање итно, вклучително и на Постојаниот комитет во Берлин на 11 март.






