Штајнмаер во вторникот рече дека има намера да го посети Киев заедно со претседателите на Полска, Естонија, Литванија и Летонија за да „испрати силен сигнал за европска солидарност до Украина, но Киев не го сакал тоа“.
Билд објави дека Зеленски ја отфрлил намерата на Штајнмаер поради неговите блиски односи со Русија во последните неколку години и неговата долгогодишна поддршка за гасоводот Северен тек 2. Проектот, со кој требало да се удвојат количините на испорачан гас директно во Германија, во меѓувреме е одложен.






