вторник, 9 декември 2025

Сорос за Кина: Тие се како нацистичка Германија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Тој дури ги спореди претстојните Зимски олимписки игри во Пекинг со Олимписките игри од 1936 година во нацистичка Германија.

Сорос ја нарече Кина „најмоќната авторитарна држава во светот“ и „најголемата закана со која денес се соочуваат отворените општества“.

Сорос тврди дека Кина, „како Германија во 1936 година, ќе се обиде да го искористи спектаклот“ на претстојните Зимски олимписки игри „за да оствари пропагандна победа за својот строг систем на контрола“.

Тој го нарече Си Џинпинг „вистински верник во комунизмот“, за разлика од поранешниот кинески лидер Денг Сијаопинг, кој ги воведе реформите на слободниот пазар, и предупреди дека „Мао Це Тунг и Владимир Ленин се неговите идоли“.

Сорос својот говор во Хувер институто го заврши со повик за промена на режимот во Кина. Тој изјави дека се надева дека Си Џинпинг можеби ќе го замени некој кој ќе биде помалку репресивен.

„Ова би ја отстранило најголемата закана со која денес се соочуваат отворените општества и би требало да направат сè што е во нивна моќ да ја поттикнат Кина да се движи во саканата насока“, порача Сорос.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ