Дмитриев, кој е и специјален претставник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка, ја даде својата прогноза коментирајќи ги резултатите од вчерашните избори во Унгарија.
“Тоа само ќе го забрза распадот на ЕУ. Проверете за четири месеци дали сум во право”, напиша Дмитриев на социјалната мрежа Икс.
This will just accelerate the collapse of the EU. Check if I am right in 4 months.
— Kirill Dmitriev (@kadmitriev) April 12, 2026
Според резултатите по пребројување на 98,9 проценти од гласовите, опозициската партија Тиса освои 138 од 199 места во парламентот. Владејачката коалиција Фидес, предводена од Орбан, исто така влегува во парламентот, но преминува во опозиција.
Виктор Орбан го призна поразот, им честиташе на противниците за победата и изјави дека Фидес ќе продолжи да ѝ служи на земјата и како опозиција.






