недела, 7 декември 2025

Сопственикот на Дејли меил го купува конкурентскиот весник Телеграф

Конгломератот ДГМТ, кој е сопственик на Дејли меил, денес соопшти дека се согласил да го купи конкурентскиот весник Телеграф за 500 милиони фунти, создавајќи една од најмоќните десно ориентирани медиумски групации во Велика Британија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Договорот доаѓа една недела откако американската инвестициска компанија Редбирд Капитал Партнерс ја повлече својата понуда за Телеграф, еден од најтиражните британски весници.

Извор близок до Редбирд за Ројтерс изјави дека постојаното противење од високи членови на редакцијата на Телеграф ја натерало инвестициската фирма да се откаже од понудата.

Луѓе блиски до преговорите изјавиле дека вредноста на транскацијата изнесувала околу 500 милиони фунти. Фајненшл тајмс објави дека цената е одредена за да може Телеграф да ги врати парите што претходно ги инвестирал Редбирд.

Странките влегоа во период на ексклузивност за да ги финализираат условите на договорот и да ја подготват потребната документација, што очекуваат брзо да се одвива.

Портпаролот на Редбирд ИМИ изјави: „ДМГТ и Редбирд ИМИ работеа забрзано за да го постигнат договорот објавен денес, кој наскоро ќе биде доставен до министерството“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ