вторник, 23 декември 2025

Сообраќајните камери со ВИ во Атина регистрираа над 2.000 прекршоци за четири дена

Сообраќајните камери со вештачка интелигенција (ВИ) во пошироката област на Атина регистрираа над 2.000 сериозни сообраќајни прекршоци за само четири дена, според резултатите од пилот-проектот на грчките власти.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Од вторник до петок, камера со вештачка интелигенција инсталирана на авенијата Сингро наводно регистрирала над 1.000 прекршоци, вклучувајќи употреба на мобилен телефон и неврзување на безбедносни појаси, објави Катимерини.

Во истиот период, околу 800 случаи на пречекорување на бризната се регистрирани на дел од патот каде што ограничувањето на брзината е 90 километри на час.

Исто така, регистрирани се 480 случаи на поминување на црвено светло.

Пилот-програмата, започната минатата недела на осум локации со висок ризик по препорака на грчката полиција, е дел од поширока кампања за подобрување на безбедноста на патиштата.

„Ова е политичка одлука со јасна социјална цел. А тоа е намалување на бројот на сообраќајни несреќи и спасување животи“, рече министерот за дигитално управување Димитрис Папастергиу.

Според него, целта на оваа акција е одвраќање, а не казнување.

„Сакаме граѓаните да знаат дека правилата важат за сите и се спроведуваат на фер и современ начин“, рече тој.

Возачите ќе бидат известени за прекршоците преку дигитално поштенско сандаче на владината платформа гов.гр или преку електронски пораки, а ќе можат да поднесуваат жалби преку интернет.

Како што е најавено, властите планираат да ја прошират мрежата на 2.500 камери низ целата земја, вклучувајќи 2.000 фиксни единици на локации со висок ризик и 500 камери инсталирани во автобусите на јавниот превоз за следење на автобуските ленти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ