понеделник, 15 декември 2025
„Црна сабота“

Сообраќаен колапс во Франција: 1.000 километарска колона (ФОТО)

На автопатите во Франција денес е забележана вкупна должина на сите колони на патиштата од 1.051,6 километри за време на зголемениот интензитет на сообраќајот поради летните одмори и смена на туристите, што колоквијално се нарекува „црна сабота“.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Ова е блиску до рекордот од 12 јули, кога вкупната должина на колоните во еден ден изнесувала 1.086,5 километри.

Според БФМ ТВ, сообраќајот на патиштата во Франција беше забавен уште повеќе поради две несреќи на автопатот кон Медитеранот, односно атлантскиот брег.

Според податоците од Бизон фит, француската агенција за следење на условите на патиштата, до 7 часот утрово колоните биле подолги од 200 километри, а до десет часот колоните биле подолги од 570 километри.

Метежот е во согласност со прогнозата на агенцијата, која предупреди на „екстремно тешки сообраќајни услови“ оваа сабота, со очекуван врв на пладне.

Сообраќајот кон Алпите е исто така интензивен и преоптоварен, со задоцнувања до еден час и 45 минути во тунелот Монблан во правец кон Италија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ