недела, 15 март 2026

Солзавец и шок бомби: канадската полиција ги разби протестите пред парламентот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Откако отстрани дел од блокадата и изврши повеќе од 100 апсења вчера, полицијата денес побрза да го разбрка и главниот дел од демонстрантите пред парламентот и канцеларијата на канадскиот премиер, притоа апсејќи други демонстранти.

Полицијата денес насилно ги потисна демонстрантите во канадската престолнина која е под опсада, преземајќи контрола врз камионите и расчистувајќи ги улиците пред парламентот, во срцето на протестите.

Десетици камиони заминаа под сè поголемиот притисок, што ги зголеми надежите на власта дека ќе успеат да го прекинат тринеделниот протест против мерките и премиерот Џастин Трудо.

„Ве повикавме да се разотидете. Ви дадовме време да заминете. Бевме спори и методични, а вие покажавте агресија кон полициските слубеници и коњи. На вашето однесување одговараме со вклучување шлемови и пендреци за наша безбедност“, наведе полицијата во пораката до демонстрантите на Твитер.

Отава е последното упориште на „Конвојот на слободата“, протестот и блокадата на камионџиите кои почнаа поради задолжителната вакцинација на возачите на камиони кои ја минуваат американско-канадската граница, а подоцна прераснаа во протест против сите ковид-мерки и премиерот Трудо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ