недела, 7 декември 2025

Со автомобил се забиле во луѓе на Западниот Брег, едно лице загина, имале и експлозив

Најмалку едно лице е убиено, а три се повредени во вторник во напад со автомобил и нож на раскрсницата Гуш Ецион во окупираниот Западен Брег, објавија израелските служби за итни случаи, пишува Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според Елад Пас, болничар од израелската итна служба Маген Давид Адом (МДА), починатиот маж им подлегнал на повредите на местото на настанот од „тешка убодна рана“. Меѓу повредените, една жена е во сериозна состојба, додека еден маж и еден тинејџер се здобиле со полесни повреди.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека војниците на местото на нападот „елиминирале“ двајца „терористи“. „Неколку експлозивни материјали“ се пронајдени во возилото што го користеле напаѓачите, а експерти од израелската гранична полиција работат на нивна неутрализација, се додава во соопштението.

Палестинската милитантна група Исламски џихад го поздрави нападот, опишувајќи го како „одговор на злосторствата извршени од доселеничките банди и окупаторската армија против нашиот народ“. Групата не ја презеде одговорноста, но изјави дека нападот ја потврдува „решителноста на нашиот народ да се спротивстави на политиките на угнетување и злоупотреба со сите расположливи средства“.

Лидерот на израелската опозиција, Јаир Лапид, го осуди нападот како „тежок“ и истакна дека тој „го одзеде животот на млад израелски граѓанин“. „Им ја нудам мојата поддршка на ИДФ и безбедносните сили во напорите за воспоставување безбедност и искоренување на тероризмот. Изразувам искрено сочувство до семејството на убиената жртва и им посакувам брзо закрепнување на повредените“, рече Лапид.

Нападите со ножеви и налети со возила на контролни пунктови и сообраќајни раскрсници во Израел, Ерусалим и Западниот Брег не се невообичаени, а овој инцидент се случува во време на зголемено насилство во областа.

Извештајот на Обединетите нации објавен претходно овој месец покажа дека израелските доселеници извршиле најмалку 264 напади во октомври, што е најголем број откако ООН почна да ги следи ваквите инциденти во 2006 година.

Во последните недели се пријавени неколку инциденти. Палестинци и активисти беа нападнати за време на мирна берба на маслинки, а минатата недела беше запалена џамија испишана со графити. Во понеделник, десетици израелски доселеници запалија палестински возила и домови во едно село откако израелските сили урнаа нелегално изградени објекти во блиската населба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ