понеделник, 29 декември 2025

Снимена реакцијата на Зеленски на изјавата на Трамп дека Русија сака Украина да успее (ВИДЕО)

Камерите ја фатија реакцијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека Владимир Путин „сака Украина да успее“.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Додека Трамп и Зеленски одржуваа заедничка прес-конференција по нивните разговори во одморалиштето на Трамп во Мар-а-Лаго во Флорида, повеќето телевизиски камери беа фокусирани исклучиво на говорникот. Но, официјалниот снимател на Белата куќа задржа кадар кој истовремено ги прикажуваше двајцата лидери.

Токму на таа снимка е забележана реакцијата на Зеленски на дел од разговорот што се однесуваше на телефонскиот повик што Трамп го имаше со рускиот претседател претходно истиот ден.

Еден новинар праша дали Русија може да биде обврзана да помогне во обновата на Украина по војната како дел од потенцијален мировен договор. „Дали разговаравте каква одговорност би имала Русија во обновата на Украина како дел од некаков договор“, праша новинарот, осврнувајќи се на разговорот на Трамп со Путин.

„Да. Ќе помогнат. Русија ќе помогне. Русија сака Украина да успее. Звучи малку чудно. Путин беше многу дарежлив во своите чувства кон тоа Украина да успее, вклучително и обезбедување енергија, електрична енергија и други работи по многу ниски цени. Значи, многу добри работи произлегоа од денешниот разговор“, одговори Трамп.

На тврдењето дека Русија сака земјата што ја нападна да „успее“, Зеленски ги крена веѓите, ја навали главата и се насмеа.

Трамп истакна дека разговарал со Путин „околу два и пол часа“. Една од спорните точки во разговорите е и нуклеарната централа Запорожје, најголемата таква централа во Европа. Таа беше заземена од Русија во 2022 година и моментално не е во функција.

Путин сака да ја задржи контролата врз централата, додека Украина предложи тројна администрација во која ќе бидат вклучени Украина, Русија и САД. За време на војната, спротивставените страни се обвинуваа меѓусебно за напади врз централата.

„Путин всушност соработува со Украина за таа повторно да почне да работи. Во таа смисла, тој беше многу коректен. Тој сака да ја види повторно отворена и не ја гаѓаше со ракети, не ја гаѓаше со ништо“, нагласи Трамп, додека Зеленски стоеше до него.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ