петок, 30 мај 2025

Снимен напад врз лидерот на турската опозиција (ВИДЕО)

Лидерот на главната турска опозициска партија беше нападнат вчера додека напушташе комеморација во Истанбул.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Озгур Озел, кој ја предводи Републиканската народна партија (ЦХП), додека го напуштал Културниот центар Ататурк во центарот на градот му се приближи седокос маж и го удри во лицето со отворена дланка, покажа телевизиската снимка.

Озел, кој присуствувал на комеморацијата за Сири Суреја Ондер, прокурдски политичар кој почина во саботата, не е повреден во нападот. Осомничениот е приведен, според извештајот на Канцеларијата на главниот јавен обвинител во Истанбул.

Министерството за внатрешни работи подоцна објави дека напаѓачот бил 66-годишен маж кој ги убил своите две деца во 2004 година и бил условно ослободен во 2020 година. Весникот Џумхуриет објави дека во 2004 година тој ги застрелал и избодел синот и ќерката, на возраст од 19 и 17 години.

Инцидентот ги обнови стравувањата за безбедноста на политичарите во Турција. Во 2019 година, претходникот на Озел како лидер на ЦХП, Кемал Киличдароглу, беше нападнат додека присуствуваше на погреб на војник во покраината Анкара.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ