вторник, 31 март 2026

Снимател на Фокс њуз убиен во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Американската телевизија Фокс њуз објави дека камерманот на таа мрежа Пјер Жакржевски загинал во Украина, откако возилото со кое патувал било погодено во вкрстен оган.

Жакржевски вчера бил во тим со новинарот на Фокс њуз Бенџамин Хол, кога биле нападнати во близина на украинскиот главен град Киев. Хол е ранет и ќе остане во болница.

„Пјер беше фотограф во воената зона, кој ја покриваше речиси секоја меѓународна приказна на Фокс њуз, од Ирак, преку Авганистан до Сирија, за време на неговата долга работа со нас. Неговата страст и талент како репортер беа неспоредливи“, изјави извршната директорка на Фокс њуз Сузан Скот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ