сабота, 31 јануари 2026

Снег во Грција: затворени парламентот и училиштата, некои места немаат струја (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Парламентот остана затворен, како и училиштата во поширокиот регион на Атина, каде беше нарушен и превозот со метри до аеродромот, но воздушниот и поморскиот сообраќај се одвиваа непречено. „За нашата земја ова се екстремни услови“, изјави за ЕРТ Христос Зерефос, професор по физика.

[video:https://youtu.be/ECUditBOPrk autoplay:0]

„Сега сите сили ги вложуваме да ја одржиме националната патна мрежа и главните артерии отворени“, кажа портпаролот на грчката влада Јанис Економу и додаде дека „временските услови ќе останат тешки“ и утре.

Студен бран со температури под нулата и ледени ветришта ја погоди Атина и во февруари 2021, поради што четири лица загинаа на островите Евија и Крит, а десетици домаќинства со денови беа без струја.

Костас Лагувардос од Националната опсерваторија во Атина кажа дека грчката престолнина не видела ваква зима од 1968 година.

Снег падна и на неколку острови во Егејското Море, што е сосема невообичаено, а без струја останаа села на Андрос, Наксос и Тинос. Бели се плажите на Миконос, познатото туристичко одредиште.

[video:https://youtu.be/_1-M5TYHZCM autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ