недела, 1 февруари 2026

Сметководителот го напушти Трамп, не може да гарантира за финансиските извештаи на компанијата

Објавено на

часот

Сподели

Во писмото од 9 февруари, испратено до главниот адвокат на Трамп, Алан Гартен, Мазарс УСА наведува дека финансиските извештаи на њујоршката компанија за недвижности на Трамп подготвени во периодот од 2011 до 2020 година повеќе не можат да се сметаат за веродостојни. Писмото неделава го објави њујоршката државна обвинителка Летиша Џејмс како дел од истрагата за компанијата на поранешниот американски претседател.

„Иако не заклучивме дека разните финансиски извештаи, како целина, содржат материјални отстапувања, веруваме дека нашиот совет да не се потпираме на тие финансиски извештаи е соодветен“, рече Мазарс во писмото до главниот адвокат на Трамп, Алан Гартен.

Во писмото, регистрирано во државниот суд во Њујорк, „Мазарс“ наведува дека својата работа ја вршел во согласност со професионалните стандарди, додавајќи дека повеќе нема да работи за „Организацијата Трамп“.

Обвинителот на државата Њујорк ја обвини организацијата на Трамп дека во неколку наврати лажно ја претставувала вредноста на својот имот со цел да добие финансиска корист.

Портпаролот на Организацијата Трамп рече дека компанијата е „разочарана што Мазарс одлучи да се раздели“, но додаде дека писмото потврдува дека „работата на Мазарс е направена во согласност со сите важечки сметководствени стандарди и принципи“ и дека финансиските извештаи не содржат никакви материјални отстапувања“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ