Ова се 10-тите парламентарни избори од независноста на Словенија, а еднакви шанси за победа имаат владејачкото левичарско-либерално Движење за слобода на премиерот Роберт Голоб и десничарската Словенечка демократска партија на Јанез Јанша.
Покрај овие две партии, според истражувањата на јавното мислење, во парламентот треба да влезат уште пет партии, по две од десниот и левиот политички пол (Нова Словенија и Демократите на Анже Логар – десен центар), (Левица и Социјалдемократи), како и против системската партија Ресница (Вистина).
Гласачките места се затвораат во 19 часот, кога официјално завршува изборниот молк, кој е на сила од саботата.
На парламентарните избори, словенечките гласачи избираат 88 членови на Националното собрание, додека по еден член избираат членовите на италијанското и унгарското национално малцинство.
Гласањето за пратеници се одржува во осум изборни единици поделени во 11 окрузи, така што во секоја изборна единица се избираат по 11 пратеници.
Изборите се одржуваат со пропорционален метод, а мандатите во изборните единици се распределуваат со користење на квотата Друпа, под услов листата да освоила најмалку четири проценти на државно ниво.






