вторник, 31 март 2026

Словенија ќе враќа дипломати во Киев

Објавено на

часот

Сподели

Јанша ова го најави на Твитер. Во постот напиша дека станува збор за луѓе кои ќе одат доброволно.

„Работиме на тоа ЕУ да го направи истото. На Украина ѝ е потребна директна дипломатска поддршка“, напиша словенечкиот премиер.

Повеќето дипломати се повлекоа од Киев, а многумина отидоа во Лавов, на западот на земјата.

Јанша минатата недела заедно со полскиот и чешкиот премиер го посети Киев и се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ