четврток, 22 јануари 2026

Сириските сили зазедоа големи нафтени и гасни полиња во источна Сирија

Сириските трупи кои се борат против курдските сили го освоија нафтеното поле Омар, најголемото во Сирија, и гасното поле Коноко на истокот од земјата, изјавија денеска три безбедносни извори за Ројтерс.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Единиците на сириските вооружени сили почнаа да се распоредуваат низ покраината Рака во саботата, од која поголемиот дел е под контрола на курдските Сириски демократски сили (СДФ).

Сириската армија изјави за Ал-Ихбарија дека воените сили почнале да влегуваат во градот Табка од неколку правци.

Војската тврди дека ја зајакнала контролата врз градот Мансура, како дел од тековните операции во предградието на Рака.

Владините сили наводно успеале да воспостават контрола врз нафтените полиња Сафјан и Ас-Саура, кои претходно беа контролирани од Курдите.

Командата на сириската армија во петокот вечерта објави дека ги напаѓа силите на СДФ во градот Деир Хафер, источно од Алепо, откако испрати засилени трупи во регионот.

СДФ веднаш по полноќ соопшти дека се повлекува од областа како знак на добра волја, по апелите на странските посредници.

Американските разузнавачки служби проценуваат дека сирискиот претседател Ахмед ал-Шара планира повеќекратна операција, со поддршка на турската војска, против СДФ во источниот дел на Алепо и потенцијално преку Еуфрат, што би можело да го прошири конфликтот на североисточна Сирија, каде што се концентрирани поголемиот дел од американските сили.

Полу-автономниот курдски регион во североисточна Сирија останува пречка за консолидирање на власта на Сараџ, додека Турција долго време се обидува да ги елиминира курдските борци поврзани со Курдската работничка партија (ПКК), која САД и Анкара ја сметаат за терористичка организација.

Шаара и лидерот на СДФ потпишаа договор минатиот март за интегрирање на курдските сили во сириската армија, но преговорите за конечен договор се во застој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ