недела, 7 декември 2025

Сирија ќе ѝ се приклучи на меѓународната коалиција против Исламската држава

Сирија ќе се приклучи на меѓународната коалиција против Исламската држава (ИСИС) предводена од Соединетите Американски Држави, изјави во понеделник американски функционер под услов да остане анонимен, а информацијата ја потврди и сирискиот министер за информации Хамза ал-Мустафа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сирија со тоа ќе стане 90 членка на коалицијата против Исламската држава, здружувајќи ги силите со Соединетите Американски Држави за да ги елиминира последните упоришта на ИСИС и да го запре приливот на странски борци“, рече американскиот функционер.

Хамза ал-Мустафа на социјалната мрежа Икс изјави дека Сирија потпишала документ за политичка соработка со меѓународната коалиција.

„Договорот е политички и во моментов не содржи воени компоненти“, додаде сирискиот министер за информации.

Претседателот Трамп во понеделник го прими во Белата куќа сирискиот претседател Ахмед ал-Шара, поранешен член на Ал-Каеда, под чие водство исламистичките борци го соборија од власт долгогодишниот сириски претседател Башар ал-Асад минатиот декември.

Ал-Шара стана првиот сириски претседател кој е примен во Белата куќа. Откако тој дојде на чело на државата, Сирија се дистанцира од клучните сојузници на Асад, Иран и Русија, и се сврте кон соработка со Турција, земјите од Заливот и Вашингтон.

„САД ќе ѝ дозволат на Сирија да продолжи со операциите во својата амбасада во Вашингтон за да ја зајакне координацијата во борбата против тероризмот и во областите на безбедноста и економијата“, изјави анонимен американски функционер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ