понеделник, 30 март 2026

Силни експлозии во Киев и други украински градови, погодени и цивили (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Руските сили го зазедоа украинскиот град Херсон, потврдија синоќа локалните власти, првиот голем урбан центар што падна по инвазијата на Москва пред една недела.

Најмалку четири силни експлозии околу три часот по локално време го осветлија небото над Киев, што може да се види на видеото од жителите на главниот град на Украина.

Според Би-би-си, сѐ уште не е познато која била целта на нападот и дали има повредени.

Експлозијата се случи неколку часа откако силната експлозија во близина на главната железничка станица во Киев го потресе градот.

Претставник на украинското Министерство за внатрешни работи изјави дека во нападот нема жртви, но дека е причинета штета и дека е оштетена главната линија на цевководот за централно греење.

Руските сили нападнаа радио и телевизиски центар во Киев и го окупираа градот Балаклија во близина на градот Харков во источна Украина, јавува Ројтерс, повикувајќи се на новинската агенција Интерфакс, која го цитира руското Министерство за одбрана.

Руски проектили неделава ја погодија ТВ-кулата во Киев во, како што рече Москва, целен напад врз информативната војна во Украина.

Во Харков од гранатирање настрада катедралата Успение, една од најстарите православни цркви во градот, изградена во 1657 година, објави Харковската епархија. За време на гранатирањето луѓето се криеле во храмот.

При гранатирањето на Харков загина припадничка на мисијата на ОБСЕ

При гранатирањето на Харков загина членката на специјалната набљудувачка мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Украина, Марина Фенина, соопшти ОБСЕ.

Во соопштението се наведува дека Фенина загинала на 1 март, „додека набавувала материјали за своето семејство во градот што стана воена зона“, во воздушен напад врз тој град, пренесува Укринформ.

Според него, цивилите загинале кога граната ја погодила куќата во која живееле.

Подоцна беше објавено дека бројот на загинатите се искачи на осум. Според него, нападот почнал синоќа на полноќ.

Еден милион луѓе ја напуштија Украина во седмицата откако Русија ја почна својата инвазија, соопштија Обединетите нации, што претставува најбрз бегалски егзодус во овој век.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ