понеделник, 8 декември 2025

Силни експлозии во близина на Буенос Аирес: Горат пет фабрики, 22 повредени (ВИДЕО)

Серија моќни експлозии го потресоа индустрискиот парк во близина на аргентинскиот главен град Буенос Аирес во петокот вечерта, предизвикувајќи огромен пожар во кој беа повредени најмалку 22 лица.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Густ црн чад се креваше стотици метри во воздухот, а пожарникарите сè уште се бореа со пожарот во саботата наутро, пренесува Франс 24.

„Експлозиите и пожарите што избувнуваа во различни фабрики се огромни“, изјави Гастон Гранадос, градоначалник на Езеиза, областа каде што се наоѓа индустрискиот парк. „Се обидуваме да го локализираме пожарот и да го изгасиме, но досега не успеавме“, додаде тој во изјава за локалната телевизија, истакнувајќи дека од силата на детонациите се скршени и прозорците на неговата куќа и дека жителите се евакуираат.

Дека ситуацијата е исклучително тешка, потврди и Фабиан Гарсија, директор на цивилната заштита за провинцијата Буенос Аирес. „Тоа е сложен пожар. Гаснењето ќе биде долготрајно“, рече тој.

Според локалните медиуми, пет фабрики во комплексот, во кој се сместени компании за производство на гуми, хемикалии и други стоки, биле погодени од експлозиите и пожарот. Репортерите на Франс прес, кои случајно се нашле на местото на настанот, објавија дека најмалку една фабрика е целосно изгорена и претворена во пепел.

Директорот на болницата, Карлос Санторо, потврди дека во неговата установа биле примени 22 повредени лица. Меѓу нив имало пациент со срцев удар и бремена жена со респираторни проблеми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ