понеделник, 30 март 2026

Силна експлозија во центарот на Киев, бомби во Харков (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Украинската државна железничка компанија, исто така, подоцна потврди дека во руски воздушен напад е погодено во близина на железничката станица во Киев, каде што илјадници луѓе се евакуирани.

Набргу по извештајот, францускиот претседател Емануел Макрон, кој штотуку почнуваше со телевизиско обраќање, рече дека руските сили го бомбардираат главниот град на Украина.

Сведок на Ројтерс во Киев изјави дека слушнал огромна експлозија „што ја стресе земјата“.

Вториот по големина украински град Харков редовно е гаѓан од руски проектили, при што утрово загинаа четворица, а девет беа повредени.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=RCvujz1KnGc autoplay:0]

Локалните медиуми јавуваат дека во текот на денот во Харков било погодено и училиште каде што учат деца со оштетен вид.

Во Санкт Петербург седми ден се одржуваат масовни протести против војната, на кои демонстрантите се апсат.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ