Претседателот Мигел Дијаз Канел кажа за кубанската телевизија дека најверојатната причина за експлозијата во хотелот Саратога е истекување гас.
„Во никој случај не станува збор за бомба или напад“, кажа за Ројтерс по излегувањето од болницата Каликсто Гарсија во која се примени повредените. „Станува збор за несреќа“.
Поради експлозијата накратко завладеа паника во историскиот кварт на Хавана, која постепено почна да прима туристи откако пандемијата тешко го погоди туристичкиот сектор на карипскиот остров.
Llegan más que imágenes sobre la explosión en el hotel Saratoga de La Habana, Cuba pic.twitter.com/eEFl4zh8V4
— Daniel Villarreal (@danielbachatero) May 6, 2022
Експлозијата потресла и блиско училиште во кое имало над 300 ученици. Едно дете загинало, а најмалку петнаесет се повредени, соопшти кубанското министерство за здравство.
Кубанскиот министер за туризам Хуан Карлос Гарсија кажа дека, според првичните извештаи, меѓу загинатите и ранети во експлозијата нема странски државјани.
Хотелот бил затворен и во него во моментот на експлозијата биле само работниците кои ги вршеле последните подготовки за негово отворање за неколку дена, јави државната телевизија повикувајќи се на воена компанија која управува со многу хотели во државата.






