понеделник, 22 декември 2025

Силен земјотрес во Авганистан, најмалку 20 мртви, повеќе од 150 повредени (ФОТО+ВИДЕО)

Земјотрес со магнитуда од 6,3 степени го погоди северниот авганистански град Мазар-е Шариф рано во понеделник, при што загинаа најмалку 20 лица, а околу 150 беа повредени, соопштија покраинските власти.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот геолошки завод (УСЦС) соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од 28 км во близина на Мазар-е Шариф, град со околу 523.000 жители.

„Вкупно 150 повредени и 20 мртви лица се пријавени и однесени во здравствените центри до утрово“, изјави за Ројтерс Самим Џојанда, портпарол на здравствените служби во Саманган, планинска северна покраина во близина на Мазар-е Шариф.

Бројот на жртви е базиран на болничките извештаи собрани до понеделник наутро, рече тој.

УСЦС издаде портокалово предупредување на својот ПАГЕР систем, автоматизиран систем кој дава информации за влијанието на земјотресот, и посочи дека „веројатни се значителни жртви и дека катастрофата е од потенцијално големи размери“.

Земјотресот уништи дел од светото место Мазар-и-Шариф, изјави портпаролот на покраината Балх, Хаџи Заид, осврнувајќи се на Сината џамија. Националната агенција за катастрофи соопшти дека извештаите за жртви и штети ќе бидат објавени подоцна. Ројтерс не можеше веднаш да ја потврди големината на штетата од земјотресот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ