вторник, 3 март 2026

Силен воздушен напад на зградата каде што се избираше новиот ирански лидер (ВИДЕО)

Зградата каде што иранските претставници се состануваа за да одлучат за новиот врховен лидер на земјата беше уништена во воздушни напади, објавија државните новински агенции.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Висок израелски функционер потврди за Фокс њуз дека зградата била погодена додека претставниците се собирале за да изберат нов врховен лидер.

„Израел нападна додека ги броеја гласовите за назначување на врховниот лидер“, изјави тој за Фокс њуз.

Таканаречениот „Совет на експерти“, кое има канцеларии во Техеран и градот Ком јужно од главниот град, се состои од 88 членови кои учествуваат во одлучувањето за тоа кој ќе ја преземе функцијата по атентатот на сегашниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи.

Хамнеи беше убиен во саботата наутро, на самиот почеток на американско-израелските напади врз Иран.

Скај њуз ја потврди автентичноста на снимките направени по нападот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ