понеделник, 8 декември 2025
Во Украина постои воена мафија

Сијарто: Унгарија бара запирање на финансиската помош на ЕУ за Киев поради корупција

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави денес дека Европската Унија треба да ги прекине исплатите кон Украина, откако беа објавени извештаи за корупција во земјата.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

“Во Украина постои воена мафија и корумпиран систем, а претседателката на Европската комисија, наместо да ги запре исплатите и да бара итни финансиски проверки, планира да испрати уште 100 милијарди евра во Украина. Тоа е лудо”, изјави Сијарто за новинарите во Брисел пред состанокот со колегите од ЕУ, објави Ројтерс.

Извештаите за корупција вклучуваат истрага за наводен заговор од 100 милиони долари за контрола на склучувањето на договори во државната нуклеарна агенција, што доведе до смена на двајца украински министри и барања за сеопфатни мерки за враќање на довербата во раководството на земјата.

Сијарто оцени дека сегашните изгледи за Украина не се позитивни.

„Времето не е на страната на Украина. Илузија е да се каже дека е“, додаде тој.

Според него, Унгарија ќе ги поддржи мировните иницијативи на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ