среда, 8 април 2026

Си-ен-ен: Со примирјето е отворен Ормус, но бродскиот метеж нема брзо да се расчисти

И покрај двонеделното примирје меѓу САД и Иран, кое вклучува договор за повторно отворање на Ормускиот теснец, експертите за поморски транспорт предупредуваат дека превозот нема веднаш да се врати во нормала.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Додека превозните компании ги подготвуваат своите бродови за да ја искористат можноста за излез од теснецот, сè уште постои голема неизвесност за тоа како ќе се координира преминот со иранските власти.

На ова предупреди Ричард Мид, главен уредник на поморското издание Лојдс лист. „Бродосопственици сè уште немаат детали од Иран и веруваат дека системот што беше на сила на полноќ не се променил и покрај објавувањето на примирјето“, рече Мид, осврнувајќи се на иранската проверка на бродовите што минуваат низ водниот пат.

Со оглед на ситуацијата, веројатно ќе биде потребно многу подолго од двонеделниот период на примирје за да се расчисти огромниот бродски застој, според Ана Субашиќ, аналитичарка за трговски ризик во компанијата Кплер.

„Моментално има околу 1.000 бродови заглавени во Ормускиот теснец, а околу 80 проценти од нив сè уште се блокирани во Персискиот Залив“, изјави таа денес за Си-ен-ен.

Таа додаде дека пред конфликтот, на толкав број бродови им биле потребни помеѓу седум и девет дена за да поминат низ теснецот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ