недела, 29 март 2026

Си-ен-ен: Русите праќаат исклучително моќно оружје, фрлач на термобарични ракети (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

ТОС-1 е ракетен систем поставен на шасијата на тенковите Т-72, кој истрелува термобарични ракети и првпат се користеше за време на советската војна во Авганистан, а неодамна беше користен и во Сирија.

Станува збор за ракети што на местото каде што паѓаат предизвикуваат огромни пожари, кои горат големи површини.

На снимка од вежба во рускиот Ленинградски регион во 2020 година се гледа како системите се движат кон своите позиции, се полнат и на крај ги лансираат ракетите.

Застрашувачкото оружје е опремено со 24 термобарични ракети, кои можат да спржат сѐ на површина од 40.000 квадратни метри.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=7skntZMTL3w autoplay:0]

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ