недела, 21 декември 2025

Си-ен-ен објави снимка на која руски војници убиваат двајца невооружени цивили (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Двајцата цивили починале. Едниот бил сопственик на ограбен салон за автомобили, чие семејство не сака да биде именувано. Другиот бил Леонид Олексиевич Пљац, 68-годишен дедо, кој работел таму како чувар.

Снимката се состои од она што многуте камери го снимиле околу имотот и иако нема звук, сликите се јасни. Видеото е вознемирувачко.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=WGg7ZJlihi8&feature=emb_title autoplay:0]

На снимката се гледа како доаѓаат пет руски војници, кои се обидуваат да провалат во деловните објекти – пукаат во бравите и го кршат стаклото.

Додека сопственикот се приближува со кренати раце, тие го запираат и го пребаруваат. Потоа доаѓа Пљац и и него го претресуваат. Се чини дека имало разговор пред војниците да се свртат и двајцата цивили да почнат да се враќаат назад до местото од каде што вообичаено го чуваат автосалонот.

Тогаш најмалку двајца војници се приближуваат зад мажите и отвораат оган во нив. Двајцата цивили паѓаат на земја.

Си-ен-ен побарал коментар од руското Министерство за одбрана, но не добил одговор.

Канцеларијата на главниот украински обвинител соопшти дека инцидентот се истражува како воено злосторство, откако го погледнал видеото на Си-ен-ен.

Покрај убиството, на видеото се гледа и друго непрофесионално однесување на групата од пет војници, кои според униформите, анализата на тоа кој ја контролирал областа во тоа време и изјави на сведоци биле идентификувани како припадници на напаѓачките сили.

Додека војниците ги ограбувале деловните објекти, Пљац сè уште бил жив. На видеото се гледа како тој едвај станува и си врзува нешто околу бутот, па поткривува назад кон стражарското место. Таму го зема телефонот и вика помош.

Вооружена група доброволци што останале да ги бранат своите домови се обиделе да го спасат Пљац со размена на оган со руските сили, изјави командантот на групата, кој не сакал да биде идентификуван за да ја заштити својата безбедност.

На видеото се гледа како Пљац паѓа во стражарската куќичка и дека Украинците успеале да стигнат до него. Го извлекле, оставајќи голема трага од крв. Починал пред стражарската куќичка.

Командантот рекол дека тој искрвавел до смрт бидејќи цивилните борци првично морале да се повлечат, зашто едноставно немале огнена моќ да ги потиснат тенковите и топовите што ги имаат Русите во областа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ