четврток, 19 март 2026

Си-ен-ен: Иранците за прв пат погодија американски борбен авион Ф-35

Американски борбен авион Ф-35 принудно слета во американска база на Блискиот исток откако беше погоден од како што се верува иранската воздушна одбрана, според два извори запознаени со случајот, пренесува Си-ен-ен.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Капетанот Тим ​​Хокинс, портпарол на Централната команда на САД, изјави дека авионот од петта генерација „стелт“ вршел борбена мисија над Иран кога бил принуден да изврши итно слетување. Хокинс додаде дека авионот слетал безбедно и дека инцидентот е под истрага.

„Авионот слета безбедно, а пилотот е во стабилна состојба“, рече Хокинс. „Инцидентот е под истрага.“

Ова е прв пат Иран да собори американски авион во војната што започна кон крајот на февруари. И САД и Израел користат авиони Ф-35 во конфликтот, цената на еден таков авион надминува 100 милиони долари.

Принудното слетување се случи во момент кога високи американски претставници сè уште да тврдат дека нивната кампања против Иран била многу успешна. Министерот за одбрана Пит Хегсет изјави во четврток наутро дека САД „победуваат решително“ и дека воздушната одбрана на Иран е „срамнета со земја“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ