вторник, 31 март 2026

Си-ен-ен дознал детали од ретка средба на американски воени лица со руски генерал во Москва

Објавено на

часот

Сподели

Извештајот, до кој дошол Си-ен-ен, ги наведува ставовите и перспективите на двата воени табори, но не дава детално објаснување за однесувањето на рускиот генерал. Војската или разузнавачката служба никогаш не објавува извештаи за доверливи средби бидејќи тие служат за анализа на можните идни потези, односно намерите на противничката армија.

Рускиот генерал Јевгениј Илин

Состанокот се одржал во руското Министерство за одбрана во Москва, а тоа е ретка средба меѓу руски и американски одбранбени претставници откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари. Во извештајот се наведува дека средбата била напната и дека руската страна покажала „очигледни знаци на стрес“.

Особено се нагласува однесувањето на рускиот генерал Јевгениј Илин, заменик-началник на Генералниот директорат за меѓународна соработка, со долгогодишно искуство во комуникација со американски претставници. Илин, што претходно не му било практика, зборувал без да ги следи претходно подготвените белешки или теми за разговор.

На крајот од состанокот, еден американски функционер небрежно почнал да се распрашува за семејните корени на Илин во Украина, „што го промени инаку стоичкото држење на рускиот генерал, кој поцрвене и се вознемири“, се вели во извештајот. Генералот потоа потврдил дека е роден во Дњепропетровск и дека неговото семејство подоцна се преселило во Доњецк, каде што одел на училиште.

Американските власти велат дека Илин потоа додал дека моменталната ситуација во Украина е „трагична“ и дека затоа тој е „многу депресивен“. Потоа ја напуштил собата без да се ракува со присутните.

Сѐ уште не се знае зошто точно била одржана средбата и не се знае дали има дополнителна документација за неа. Во извештајот не се споменуваат имињата на присутните американски аташеа, а Си-ен-ен не можел да го открие нивниот идентитет. Пентагон одбил да коментира.

Во извештајот, исто така, се вели дека американските власти имале чувство дека Илин ги обвинува Соединетите Држави и Украина за злосторства извршени врз неговото семејство. Не е јасно што ги навело на таков впечаток, но еден од аташеата рекол Не е јасно што точно ги навело до таков заклучок, но еден од аташеата рекол: „Се огнот во неговите очи и неговото од нервозно однесување ме полазија трпки“.

Се наведува дека ставот на генералот го изненадил вториот американски воен аташе, по што и двајцата изјавиле дека „никогаш не виделе ваков испад од руски колега на официјална средба“.

Состаноците на САД со руски официјални лица обично се однапред договорени и внимателно планирани ритуали. Иако од резимето не е јасно што точно довело до ваквата реакција на Илин, двајцата американски воени претставници што присуствувале на состанокот рекле дека тоа укажува на проблем со моралот на руската војска.

„Во најмала рака, јасно е дека руската војска нема проблем со моралот само меѓу војниците на фронтот“, се заклучува во извештајот.

Американско-руските воени односи

Записот дава увид зад сцената на руската војска, која можеби не успеала да ја постигне својата цел брзо да го заземе Киев, откако почна инвазијата минатиот месец. Високи американски воени претставници јавно и приватно велат дека моралот на руската војска се намалува како што влегуваат во четвртата недела од инвазијата на Украина – инвазија за која американските власти сметаат дека се случила затоа што рускиот претседател Владимир Путин верувал дека ќе помине многу побрзо и полесно од што испадна.

Во вторникот, новинарката на Си-ен-ен Кристијана Аманпур разговараше со портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој ги оспори американските тврдења дека руските војници имаат морални проблеми.

„Не би требало да верувате во такви информации. Треба да се посомневате и двапати да размислите дали такво нешто е вистина или не“, рече Песков.

Руската влада и пред инвазијата одбиваше директен контакт меѓу високи воени претставници од САД и Русија, поради што и имаше зголемен интерес за оваа конкретна средба. САД имаат и директна телефонска линија со руската војска, која е наменета за деескалација на потенцијален конфликт. Таа линија секојдневно се тестира за да биде функционална – но никогаш не била користена за таа цел.

За време на средбата рускиот генерал не отстапил од стратегијата на Русија за инвазија на Украина и победа по секоја цена, се вели во извештајот. Американските воени претставници велат дека генералот бил „очигледно вознемирен поради ситуацијата во Украина, но својот гнев можел да го изрази само во рамките на наративот на Кремљ“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ